четврток, април 25, 2024
домаЖивотЖивотна срединаЗа подобрување на квалитетот на воздухот, се говореше и на форумот на...

За подобрување на квалитетот на воздухот, се говореше и на форумот на Усаид

Проектот за граѓанско учество на УСАИД во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање денес, 14 декември 2917, во хотел “Континентал’, одржаа организира форум за јавни политики на тема:„Интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот:  Унапредување на соработката помеѓу централната власт, локалната власт и граѓанските организации“.

Целта на настанот беше да се претстават можностите за унапредување на соработката помеѓу институциите на централно и локално ниво и граѓанските организации, односно да се овозможи дискусија за тоа како преку заедничка соработка на овие чинители може да се зголеми ефикасноста на мерките за заштита на воздухот од загадување.

Зборуваа  Ана Дракиќ, директорка на Проект за граѓанско учество на

УСАИД, Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и

просторно планирање, Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје, Едвард Гонзалез, директор на Канцеларијата за развој на УСАИД

Поради загрижувачката состојба соз агаденоста на воздухот,  сите имаа пообемни излагања. За можности за унапредување на соработката за заштита на квалитетот на воздухот збор зедоа Ана Чоловиќ Лешоска, извршна директорка на Еко Свест – Скопје, Наташа Петровска, градоначалничка на Општина Битола и  Мирослав Богдановски, в.д. директор на Државен инспекторат за животна средина. На завршната дискусија говореа

Александра Димова, програмска координаторка на Фондација Отворено општество – Македонија. Модератор беше новинарот Мишко Иванов.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ