сабота, јули 27, 2024
домаСпортЛауреус: Федерер и Серена Вилијамс се најдобри спортисти

Лауреус: Федерер и Серена Вилијамс се најдобри спортисти

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер и американската тенисерка Серена Вилијамс ја освоија престижната награда Лауреус за најдобри спортисти во 2017 година.

Федерер, исто така, ја доби наградата за најголемо враќање на годината, бидејќи повторно стана прв тенисер во светот, и тоа по повреда.

Гренд-слем рекордерот (20)  сега има шест награди Лауреус, а Серена Вилијамс, исто така рекордерка по гренд слем титули (23), има четири Лауреус награди.

За најдобар  тим е прогласен „Мерцедес” од Формула 1, наградата за животно дело ја доби американскиот атлетичар Едвин Мозес, специјалното признание му припадна на прославениот италијански фудбалер Франческо Тоти, а најдобар спортист со хендикеп е Швајцарецот Марсел Хуг.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ