четврток, април 25, 2024
домаСпортОстанати спортовиНадал донесе тешка одлука по консултациите со лекарот

Надал донесе тешка одлука по консултациите со лекарот

Најдобриот играч на светот, Рафаел Надал, се повлече од турнирот во Базел кој ќе се одигра следната недела. Надал одлуката ја донесе по совет на лекарот, а поради неговите проблеми со коленото.

– Со тага ве информирам дека морав да се повлечам од турнирот во Базел по консултација со лекарот. Коленото трпи голем притисок и ќе морам да паузирам некое време – напиша Надал на неговата Фејсбук страница.

Роже Федерер во финалето на турнирот во Шангај ја прекина серијата од 16 последователни победи на Шпанецот, кој има 1960 поени предност во однос на Швајцарецот на најновата листа на АТП.

Федерер во случај на освојување на турнирот во Базел ќе има можност дополнително да го намали јазот, но сигурно е дека одлуката за најдобриот на крајот на годината ќе биде донесена во финалето на АТП во Лондон, од 12 до 19 ноември.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ