сабота, јули 27, 2024
домаЖивотНВО активностиУредничката на КулАрт, Валентина Ѓоргиевска Парго, на конференцијата "Смарт Балканс"

Уредничката на КулАрт, Валентина Ѓоргиевска Парго, на конференцијата “Смарт Балканс”

Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) од Македонија, CRPM, овие два дена е домаќин на регионалната конференција “Смарт Балканс 2023” насловена „Мир и просперитет во Западен Балкан: Што му се заканува на регионот и како да се искористат можностите?”.
По обраќањето на Н.Е. Кристин Мелсом, Амбасадорка на Кралството Норвешка за Србија, Црна Гора и Северна Македонија- Славјанка Петровска, Министерка за одбрана на Република Северна Македонија- Марија Ристеска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики – ЦИКП- Дајана Цвјетковиќ, програмската менаџерка на СМАРТ Балкан од Центар за промоција на цивилното општество, БиХ, и уште неколку говорници и панелисти, своја сесија имаа десетте новинари и уредници од Балканот, меѓу кои и уредничката на КулАрт, Валентина Ѓоргиевска Парго, како единствен македонски новинар. Тие дискутираа на тема за “Говор на омраза и насилство во официјалните медиуми и на социјалните мрежи”. Заклучоците ќе бидат изнесени по завршување на конференцијата, утре 15 декември 2023 година.
Воедно, во рамките на своето излагање, уредничката ја најави својата нова книга на оваа тема “Горка кнедла”, која организацијата Новинари за човекови права- Journalists for human rights ќе ја промовира следната недела во Public room во Скопје.
Конференцијата продолжува и денес и утре во хотел “Хилтон дабл три” во Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ